Блупринт – групата бара примена на Европската конвенција за човекови права

Потребна е примена на Европската конвенција за човекови права во редовните судови, сега кога немаме Закон за заштита и спречување дискриминација, велат правни експерти од невладината, Брупринт- група. Од таму посочуваат дека конвенцијата, која е ратификувана кај нас со закон и била применувана и до сега, особено директно треба да се користи сега, како пракса од Европскиот суд за човекови права.

Конвенцијата е нешто што е прифатено од државата, како правен акт. Ратификувана е со закон и апсолутно е потребно , истата да се применува , особено во сегашнава ситуација, кога сите напори, фактички на државата беа усмерени да се донесе тој закон , како обврска за влез во НАТО, ЕУ и понатаму ќе биде обврска, вели Цаца Николовска.

Цаца Николовска не се согласува со одлуката на Уставниот суд за укинување на Законот за заштита и спречување дискриминација, поради тоа што не бил донесен со апсолутно мнозинство.

Никаде во Уставот не стои дека мора да има мнозинство, кога станува збор за потпишување на указот, по втор пат. Тоа е обврска тогаш на претседателот, да го потпише, што не значи дека таа обврска за потпишување треба да се има предвид и кога законот е донесен без мнозинство, вели Цаца Николовска.

За издвоеното мислење на претседателот Сали Мурати , кој бил против укинувањето на Законот, Николовска смета дека тој пошироко  го толкувал Уставот, неговиот член 75 и ставот 3, како и Амандманот 10 , по кој се одредува кога може и мора да се носат законите. Надлежност да постапува по повреди со дискриминација, има и Уставниот суд преку директна примена на Европската конвенција за човекови права.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ