Вархеји ќе разговара телефонски со Заев и Мицкоски на тема избори

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска ќе има телефонски разговор со претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на тема датум за избори. Ова за Телма го потврдија партиски извори од ВМРО ДПМНЕ.

Од пред крајот на минатиот месец, прекината е комуникацијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на тема датум за предвремени парламентарни избори. Тогаш лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски изјави дека откако значително се влошила ситуацијата со коронавирусот не функционира повеќе „каналот за комуникација“ меѓу партиите во однос на изборите.

Од СДСМ и денеска информираат дека изборите ќе се одржат на 5 јули.

„Нема никаква причина за Владата да побара нова вонредна состојба бидејќе нема основа за нејзино оправдување. Затоа остануваат роковите за избори онака како што се пропишани по Устав и закон, а тоа е 22 дена по завршување на вонредната состојба, поточно на 5 јули“, рече Заев.

Притоа тој потенцира дека вонредната состојба нема врска со рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот, туку досега се носеше за економски мерки за поддршка на економијата и граѓаните.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ