Санев: противзаконски сум деградиран по наредба на Јанкулоска

Антонио Санев, поранешен началник на Одделението за меѓународна соработка во Секторот за Европска унија во МВР обвинува дека бил сменет и деградиран по наредба на поранешната министерка Гордана Јанкулоска бидејќи не се согласувал со политиките во министерството. Тој бил прераспореден како аналитичар во Граничната полиција а одлуката ја донела интерна комисија по според него банална причина.

Санев тврди дека самата одлука е незаконска бидејќи претседателот на комисијата бил поставен спортивно на сите прописи. Станува збор за Киро Тодоровски обвинет во еден од предметите на СЈО.

Тој посочи и пример каде лице без високо образование, од минатата гарнитура било  поставено за началник а сегашната не превзела ништо околу тоа. Внатрешната контрола пак се оградила од целиот случај бидејќи немала надлежноста д апостапува по наредби на министерот.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ