Изборите зависат од вонредната состојба, во опција нов датум

Зголемениот број на позитивни лица на коронавирусот го става под знак прашалник 5 јули како можен датум за предвремени парламентарни избори. Се очекува владата до петок да направи проценка дали ќе побара ново продолжување на вонредната состојба и за колку дена. Од тоа зависи и датумот на изборите. Социјалдемократите, кои деновиве престанаа да зборуваат на избори, на нашето прашање, го повторија веќе познатиот став.

ВМРО ДПМНЕ и понатаму одбиваат да разговараат на таа тема.

Последната одлука за вонредната состојба, сепак, би била на претседателот Пендаровски. Тој, почнувајќи од средината на март донесе четири одлуки за утврдување на вонредна состојба – две од по 30 дена и две од по две недели. Пред секоја нова одлука, Советот за безбедност одржуваше седници, но засега нема најава за нова седница иако вонредната состојба истекува во сабота.Нема најава ниту за лидерска средба.

Неофицијално, веќе се зборува за можноста изборите да се одржат на 12 јули.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ