
На прекршителите на полицискиот час им се суди, ама не може да им се наплатат казните додека трае вонредната состојба
Иако се постапува итно, предметите за непочитување на прописите поврзани со епидемијата, додека трае вонредната сотојба не можат да станат правосилни поради уредбата со законска сила со која роковите во судските постапки се стопирани објаснува за Телма претседатлеот на кривичниот суд Иван Џолев. Тоа значи во овој период не се наплаќаат ниту илјадниците евра кои обвинителството ги бараше со парични казни за прекршитлеите на полицискиот час и решенијата за самоизолација. Обвинителствата до сега поднеле платни налози против 2745 лица до сите судови. 700 само до Кривичниот суд во Скопје каде до сега приговор поднеле 117 прекриштели на мерките и за нив се закажани судења. За другите ќе се чека дали ќе поднесат приговор по завршување на вонредната состојба.
Студентка од Скопје седна во обвинителна клупа за непочитување на здравствствениоте прописи. На 8 ми април полицијата ја заткенала на улица во близина на својот дом околу 21 часот иако полицискиот час тогаш почнувал уште во 16 часот. Обвинителството поднело казнен налог од 20 глоби по 100 евра. Кривичниот го прифатил предлогот и определил парична казна од 2000 евра но младата скопјанка поднела приговор и предметот се врати во судница каде денеска на судијката и објаснуваше дека зошто во полициски час била фатена надвор од домот. Нејзината одбрана е дека 2 часа пред да започне полицискиот час отишла кај својата другарка со намера да остане таму и преку ноќта, бидјеки компјутерот дома не и работел требало таму да пишуваат семинарска за на факултет. Но вечерта и се слошило а лекаовите кои ги примала за астам не ги земала со себе па одлучила да се врати дома . На следното рочиште ќе сведoчи и нејзината другарка пa судијата ќе може да донесе првостепена пресуда.
Ова е само еден од вкупно 700 предмети противв 860 граѓани кои не почитувале самоизолација или пак полициски час а за кои обвинителството поднело казнен налог до Кривчниот суд. Судот сите ги прифатил и ги донел пресуди, но до сега 117 граѓаните кои кои не сакале да ги платат паричните казни го искоритиле законското право и поднеле приговори како студенктата на чие судење присуствувавме денеска.
Но ниту еден предмет поврзани со непочитување на мерките за пандемијата, кои се сметаат за итни, нема да можат да станат правосилен а со тоа и да бидат наплатени паричните казни додека трае вонредната состојба поради уредбата со законска сила со која беа стопирани роковите вели претседателот на Кривичен Иван Џолев.
Вкупно низ цела држава до сите судови обвинителството до сега поднело платни казнени налози против 2746 граѓани. 2597 лица не го почитувале полицискиот час, 111 лица не се придржувале на самоизолација и 37 физички и правни лица како угостители послужувале гости, информираат од обввинителството.
Елена Ивановска