Нови двајца здравствени работници од Штип заболени од Ковид – 19

Двајца  здравствени работници од одделенијата за Инфективно и Физикална медицина од штипската Клиничка болница се позитивни на Ковид-19, додека двајца лекари, три медицински сестри и еден лаборант се во изолација. Во тек е епидемиолошката анкета, која треба да покаже уште колку здравствени работници имале контакт со зарзени од коронавирусот. На штипското инфективно одделение од четврток на помош ќе пристигне на помош повторно инфектолог од друга болница. Засега не е утврдено од каде се зарзени здравствените работници, дали во болницата од пациенти или при контакт надвор од работното место.

На инфективното одделение се хоспитализирани 24 пациенти, а вчера еден со потешка клиничка слика е хоспитализиран на скопската клиника. Остануваат слободни уште само девет кревети. Доколку има потреба пациентите од Неврологија ќе се пренесат на Интерниот оддел.

Според епидемиолозите форнмирани се вкупно пет кластери, а најголем е познатиот тестилен кластер. Во моментов загрижува и бројот на заразени во Фондот за пензиско и инвалидско осиугуравње, каде што шест вработени се позитивни на Ковид 19, а остантите се во самоизолација. Завршен е скринингот во седумте  конфекции, во секоја од нив има случаи на заразени работници не само од Штип, туку и од Карбинци, Чешиново –Облешево и Пробиштип. Токму жителите на пробиштипското село Пишица, каде од вчера има две заразени работнички денеска побараа конечно да се пушти водата од браната која две и пол години чека  прием, а е потребна да се користи како техничка за да не се шири заразата. Од општинскиот кризен штаб за Телма велат дека донеле одлука попладнево да се пушти вода во мали количини, доволни за жителите, а пуштањето на вентилот нема да прави проблем на техничкиот прием.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ