
Ковид-нацијата заболени побројна од 108 држави и територии
Балканските држави Бугарија, Хрватска, Македонија, БиХ, Црна Гора, Словенија, Албанија скандинавските Финска, Данска, Норвешка, Словачка, Парагвај, Либија, Нов Зеланд- сите овие држави во моментот имаат помал број на жители отколку бројката на заболени од Ковид-19.
Вкупно 7.219.187 луѓе се заболени, покажа во 12:30 веб сајтот на Ворлдметр кој ги сублимира податоците за број на податоци.
Според оваа податоци „Ковид-нацијата“ е на 106-тото место на листата според бројноста, а побројна е од 108 држави и територии во светот.
Лаос е малку поброен од бројката заболени на светско ниво и има 7,268 милиони жители според вордметр. Од денеска оваа азиска држава нема заразени, сите 19 заболени се водат како излекувани и не е забележан смртен случај.
Досега вкупно 26 држави, острови или територии бележат искоренување на Ковид 19. Најголема е Папуа Нова Гвинеја која со над 8,9 милиони жители забележува 8 случаи без смртен исход.
Од зелените зони без ковид, Нов Зеланд имал најмногу случаи 1.504, а 22-ца новозеланѓани починале во оваа островска држава во Океанија.
Црна Гора е единствената европска и балканска држава која има нула салдо, од вкупно 324 заболени, 9-мина починале, а останатите се излекувале. Од денеска на листата без заболени е и Ватикан.
Во Македонија до вчера имаше 1.343-ца активни случаи и државата се наоѓа на 70-тото место според бројот на активни случаи. Има повеќе од соседните балкански држави, но и поголем број активни случаи од Австрија и Швајцарија, кои имаат 432 односно 365 активни случаи.
Според бројот на вкупно заболени Македонија се наоѓа на 83-тата позиција на светска листа на вордметр, додека според бројот на починати (во РСМ починаа 156 луѓе од корона) државата е на 66-тото место на листата.
Миомир Серафиновиќ