Кривична пријава за поранешниот шеф на кабинетот на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против поранешниот шеф на кабинет на директорот во Дирекцијата за заштита и спасување Скопје. Четириесет и седумгодишната шефица се сомничи дека во период од четири години изготвувала и издавала овластувања за одржување, сервисирање и испитување на противпожарни апарати и овластување за одржување и сервисирање на стабилни инсталации за откривање, јавување и гаснење на пожари, како и откривање на експлозивни смеси, со што делувала спротивно на законот за пожарникарство.

Според полицијата шефицата на кабинет овластувањата ги издавала во периодот од2008, 2013, 2014 и 2015 година на фирми од Валандово и Гевгелија.

 

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ