
90 проценти од новозаразените во Скопје со од 41 кластер – овој пик е од семејни собири и непочитување на мерките
Новиот бран на случаи на Ковид 19 во земјата се резултат на непочитување на мерките заштита, изјави министерот за здрaвство Венко Филипче на заедничката прес коференција со претседателот на Комисијата за заразни болести Караџоски, и членото на комисијата Зибери.
Најголем број од заболените се заболени на семејни и такви собири. Полицискиот час викендот дозволи побрзо лоцирање и тестирае на тие контакти. Подобрена е и соработката од граќаните. Огромен број случаи се асимптоматски. – рече Филипче.
Само со почитување на мерките ќе може да се врати во нормала животот во земјата, нагласи Филипче, најавувајќи дека за евентуални нови рестриктивни мерки ќе се разговара на седница на влада во текот на утрешниот ден.
Како што истакна д-р Жарко Караџоски, најмногу заболени се на возраст над 60 години, а просечната старост на заболените е 44,8 години, додека во моментов најголем број случаи има помеѓу 50-59 години. Тој рече дека непочитувањето на мерките за заштита како бумеранг ни се удира од глава, додавајќи дека бројките од вториот бран кој се случува сега речиси се изедначени со тие од месец април кога беше пикот на првиот бран.