
Егзодусот заврши – Скопје повторно полно
Осумедесетчасовниот полициски час во Скопје заврши а сликите на колони возила на наплатните станици денеска не се повторија. Иако голем број на скопјани, како и лица од внатрешноста кои живеат и работат во Скопје, се вратија во раните утрински часови во градот, на патарините немаше гужви и долги колони. Првиот застој во сообраќајот можеше да се види на семафорите во населбата Ѓорче Петров и на крстониците кон центарот на градот. Утрово екипата на Телма ги обиколи патарините на влезовите во Скопје – сликата беше идентична, многу возила но непречен тек на сообраќајот.
Според официјалните подтатоци на јавното претпријатие за државни патишта денеска до 13 часот на трите влез во Скопје, односно на патарините „Петровец“, „Миладиновци“ и „Глумово“, регистрирани се 14.483 возила, за разлика од четвртокот кога за само неколку часа од градот излегоа над 20 илјади возила.
Со одлука на Владата полицискиот час во Скопје траеше од четвртоткот навечер до утрово со цел да се спречи ширењето на епидемијата на коронавирусот во градот. Многу граѓани ја искористија можноста да заминат во своите викендички и станови во туристичките центри каде полицискиот час почнуваше од 16 часот. Градоначалникот Шилегов вели дека опозицијата има недостиг на аргументи и затоа го напаѓа.
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, кој им порача на граѓаните да останат дома, продолжениот викенд го мина во Берово и со тоа го избегна тридневниот карантин а слично е и со портпаролот на најголемата опозициска партија, Димитар Арсовски, кој вчера вечер во текот на полицискиот час со неговата девојка тргнал од Струмица кон Скопје поради како што тој тврди професионални обврски.
Огнен Чанчаревиќ