Во Тетово 37 лица го прекршиле полицискиот час викендов

37 лица биле приведени од страна на полицијата поради непочитување на Одлуката за ограничено движење во текот на продолжениот карантински викенд во Тетово. Првиот ден, односно во петокот, немало ниту едно прекршување на полицискиот час, останатите се регистрирани во последните 48 часа, односно најмногу во текот на вчерашниот ден, 22. Во овој период се изготвени и 135 прекршочни платни налози за неносење заштитна маска. Бројките се мали во однос на фактот дека и покрај забраната за движење во повеќето градски населби, но и во руралните општини беше раздвижено. Од  СВР Тетово велат дека биле санкционирани само подрастичните нарушувања.

По предлогот за воведување на полициски час од 22 до 5 часот, градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, смета дека оваа мерка не ги дава соодветните резултати. Според неа многу поважна е комуникацијата со граѓаните за да се уверат во сериозност на состојбата.

По 80 часовниот карантин во Тетово денес имаше голема раздвиженост. Граѓаните проложија со секојдневните активности. Повторно имаше лица кои неносеа заштитни маски, односно не ги почитуваа мерките за заштита од ширење на заразата со коронавирусот.

Данијела Билбилоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ