Мала искористеност на субвенциите во текстилната индустрија

Текстилните конфекции и кожарските фабрики во минимален број ги искористија субвенциите кои беа предвидени со Законот за минималната плата.  Причините лежат во административните проблеми и погрешните анализи за текстилната и кожарската индустрија смета Ангел Димитров, првиот човек на Организацијата на работодавачи.

Димитров вели дека за исплатата на минималната плата биле исклучени и работниците кои немале постојана работа во јануари, февруари и март.

Според анализите на Организација на работодавачи од планираните шест милиони евра за поддршка на компаниите за минималната плата од страна на трудоинтензивните гранки се искористени околу 10 % или до нив лани пристигнале околу 600.000 евра. Членовите на Организацијата на работодавачи бараат средба со премиерот Заев, а од министерството за труд и социјална политика со следниот став за законот за минимална плата.

Владата останува отворена за сите дилеми што ги има бизнис секторот. Воспоставувајќи партнерски однос, владата постави стандард на вклучување на сите засегнати страни во креирање на нови законски решенија.Од еден таков дијалог произлезе и растот на минималната плата. Од стапувањето на сила на овој закон, 90 илјади работници земаат повисока плата. Тоа влијаеше и врз порастот на просечната плата од 5.6 проценти во споредба со претходната година, со што просечната за прв пат надмина 24.000 денари“, велат од министерство за труд и социјална политика

Организацијата на работодавачи забележува дека потребна е поголема помош од државата за текстилниот и кожарскиот сектор, а во актуелните мерки и субвенции кои ги предлага Владата едноставно не се пронаѓаат во нив.

 

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ