За време на викенд – карантинот 5.397 лица го прекршиле полицискиот час – 1.777 не носеле маски

Статистичките податоци покажуваат дека МВР во изминатите неколку денови полициските службеници беа на ниво на нивната задача затоа што здравјето на граѓаните е најважно. Викендот МВР беше вклучено во преземање мерки со цел утврдување дали ќе се почитуваат полицискиот час, личната заштита – маските, обезбедувањето на државните карантини и контрола во угоститилските објекти заедно со Државниот инспекторат, информираше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција

Од четвртокот од 21 часот до денеска на територијата на целата држава, МВР регистрирала вкупно 5.397 прекршувања на полицискиот час, а најголем дел 340 се на територијата на СВР Скопје.

За непочитување на уредбата за носење лична заштитна опрема констатирани се 1.777 непочитување и тоа, како што рече Чулев, најмногу во СВР Струмица, каде има 417 непочитувања и на територијата на СВР Охрид 356. Вкупно досега за неносење заштитна лична опрема има 8.188 непочитувања.

Изминатиот викенд во соработка со Државниот инспекторат извршени се 1.543 контроли во угоститлески објекти  и регистрирани 22 непочитувања, од кои 18 на територија на СВР Охрид и четири на СВР Струмица.

Според Чулев, издадени се 1.648 решенија за изолација и 584 за самоизолација. МВР извршило 8.701 контрола на самоизолација и изолација.

Министерот Чулев апелираше сите да се воздражат од неосновани напади кои и нанесуваат штета на полицијата.

– Свесен сум за револтот на граѓаните за ограничување на движењето, но целта е заштита на здравјето на граѓаните, а одлуките се носат на предлог од Комисијата за заразни болести, а МВР имаат задача и обврска да го контролираат нивното спроведување, рече Чулев.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ