
Еден полицаец од затворот во Охрид позитивен на Ковид 19
Еден затворски полицаец во КПУ Затвор Охрид е позитивен на Ковид 19, но не доаѓал на работа велат од затворот за Телма. Според податоците кои ги имаат, тој од 25 ти мај користел денови поради тоа што имал новороденче. Кога се вратил на работа, на влез му била мерена температура и веднаш бил вратен дома. Директорот на затворот Ристе Недески вели дека сега се во консултации со Центарот за јавно здравје, но дека верува дека нема опасност по здравјето на вработените и затворениците.