Во Матејче 42-ца заболени на 3 илјада жители – паѓа отпорот против тестирање во липковско, каде има семејни 20 кластери

Полиција немаше по улиците, но полициски час имаше и се чувствуваше, Понекој трактор или камион од нива или од шума. Во Матејче има вкупно 42 заболени, распоредени во неколку семејства.

Во целата општина Липково има 170 случаи од кои 60 активни и 6-мина денеска потврдени (Слупчане-5 и Матејче-1), ни објаснува градоначалникот Еркан Арифи кој вели дека последните денови ситуацијата се сменила поради што улиците се испразниле во полициски час, а жителите конечно почнале да прифаќаат да се тестираат.

-Еден има со симптоми во семејството. Се тестираат уште десет. Од нив 8 болни се, а немаатникакви симптоми, изјави Еркан Арифи, градоначалник на Липково.

Отворена беше единствено аптеката од која заболените добиваат лекарства, оние што имаат ковид главно пијат витамини и парацетамол, освен доколку не им е пишан и антибиотик.

Откривањето на заразените почна да се зголемува пред десетина дена кога се почна со масовно тестирање во Липково.

Директорот на ЦЈЗ Куманово, др Ариф Љатифи оценува дека првите случаи во Липково се вработени во државните институции во Куманово кои оделе на работа во градот, а живеат во липковските села.

Во кумановскиот регион откриени се вкупно 11 нови случаеви, од кои 5 денеска се од Куманово. Меѓу нив е една медицинска сестра од инфективното одделение во болницата, а вчера беше потврдена и лекарка која работи во ординација во Слупчане.

Масовното тестирање е при крај во Липковско, но градоначалникот бара тоа да продолжи.

-Завршува до недела, ни кажаа. Но ние бараме да продолжи уште три дена најмалку. Бидејќи дневно се прават во 100 тестови во општина Липково. А претходно не беше така, ако се правеа максимум 10 дневно, изјави градоначалникот Арифи.

Досега во Липковско се утврдени дваесет кластери, сите фамилијарни, каде вирусот се пренел на сите генерации во големите семејства.

Во Матејче според пописот од 2002-ра има околу 3.300 жители, но бројот на населението е многу помал, а бројката на заболени изнесува 42. Што во проценти е околу 1,4 во населението. Или доколку процентот се преслика на цела држава и два милиони жители, тогаш според „инциденцата на Матејче“ во цела Мљакедонија би имало 28 илјади заболени.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ