
Во Дојран околу 12.000 туристи, полицијата го одржува редот
Полицијата и комунални редари денеска го одржуваат редот помеѓу посетителите на Дојран. Повеќе екипи на различни локации ги едуцираат граѓаните дека непочитувањето на мерките претставува сериозна опасност за ширење на корона – вирусот. Градоначалникот Ангов вели дека се трудат да делуваат превентивно и ќе бидат на терен и следните денови.
Од завчера во Дојран се полни речиси сите сместувачки капацитети.
Проценката е дека има околу 12 илјади туристи.
Од СВР Струмица информираат дека изминатото деноноќие се евидентирани
38 прекршувања на одлуката за органичување на движењето и 119 прекршувања на обврската за носење заштитна опрема.
Сузана Мицева