Анкета ИРИ: Државата се движи во погрешна насока, младите немаат иднина

Државата се движи во погрешна насока, младите немаат иднина во земјата. Најголема доверба има Армијата, најмала обвинителството и судството. Парламентот, партиите и опозицијата, но и Премиерот треба да се замислат – тоа се резултатите од анкетата на американскиот републикански институт ИРИ , објавена денеска. Спроедена е регионално – теренски од 15 февруари до 4 март, во МАкедонија на примерок од 1472 испитаници  

61 % од македонските граѓани сметаат дека држвата се движи во погрешна насока – наспроти 33 кои сметаат дека оди во добра насока покажува последната анкета на Амриканскиот републиканси инситут  – ИРИ. Најголем проблем во државата е економијата и невработеноста изјавиле 33 % од анкетираните, за 24 отсто тоа се трошоците на живот и восиките цени, а за 17 % – корупцијата. Најголем приоритете за Владата треба да биде економијата, оценуваат граѓаните. Но од друга страна, состојбата во своето домаќинствата со 61 % ја оцениле како добра или донекаде добра.

Македонските граѓани најмногу и веруваат на Армијата –  кумулативно 64 % од оние кои изјавиле дека многи и веруваат ( 19 % и донекаде и веруваат – 45 %) . Потоа се религиозните заедници  со 63 %. Полицијата има  49 % доверба, наспроти 61 % од оние кои изјавиле дека донекаде  или т или воопшто не и веруваат,  потоа се Претседателот, кој има доверба од  41 %, наспроти 59 % граѓани кои делумно или воопшто не му веруваат. Потоа следуваат медиумите во кои кои делумна или целосна доверба имаат 41 %, а делумно или воопшто не им веруваат 58 % испитаници. Во премиерот доверба имаат 37 %, наспроти 59 кои делумно или воопшто му веруваат.  Убедливо најголема недоверба има судството од 79 %, потоа е јавното обвинителство со 73 %, политичките партии  и парламентот со 72 % и опозицијата со 66 %.

45 % од граѓаните сметаат дека државните политики водат кон поларизација, наспроти  36 % кои одговориле дека тие одат во правец на консензус . Огромни 81 отсто сметаат дека младите немаат добра иднина во земјата.

Во регионалната анкета, опфатени се повеќе прашања. 93 % од македонските граѓани изјавиле дека  би гласале ЗА доколку денеска се одржи референдум за членство во ЕУ. А Mакедонците се најголеми југоносталгичари од дел земјите од поранешна југославија – Србија, Црна Гора Косов и Босна кога е во прашање животниот стандард – 62  отсто изјавиле дека подобро се живееело пред распадот на Југославија, отколку денеска.

Боби Христов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ