Верниците во Битола утрово се упатија во црквите за помен и молитва на починатите

Поради забраната за одење на гробишта за верскиот празник Задушница,  православните верници во Битола  утрово се упатија во црквите за помен и молитва на починатите.  Најголемиот дел од нив  кои ги затекнавме пред храмот  носеа заштитни маски. Велат иако стравуваат од вирусот, сепак обичаите мора да се направат.

-Страв не страв мораме, тоа е еднаш во годината, мораме да ги спееме

-На растојание е со маска, попот вели дека така треба да биде и така се одвива, да не ги заборавиме мртвите, ништо друго

-Јас мислам ќе ја оставм литургјата , виното и парите и ќе си заминам, мислам така е најдобро, велат битолчанки

Битола не е меѓу општините каде  овој продолжен викенд  има целосна забрана за движење. Полицискиот час трае од 16 до 5 часот на утро, па битолчани имаат можност во текот на денот да излезат, па денеска изкоа неработен ден, имаше голема раздвиженост.   Но,  не можат да одат на гробовите на починатие. Полицијата ги обезбедува сите влезови на гробиштата во Битола.

-Полициски екипи ги чуваат гробиштата во Битола и не дозволуваат граѓаните на одат на гробовите. Верниците денеска на ден пред Задушница, обичаите ги прават во црквите.

Инаку  во Битола од почетокот на пандемијата до денес има вкупно 28 позитивни, а веќе две недели нема регистриран новозаболен од КОВИД-19.  Некои битолчани  сметаат дека иако Битола има  мал број на зарзаени, ги сноси последиците за оние што  не ги почитуваат препораките. Поради полицискиот час и забраната за одење на гробишта за Задушница,  некои граѓани на социјалните мрежи најавуваа протести, но денес ги откажаа.

Емилија Мисирлиевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ