По 48 дена во општина Дебар повторно пациент со коронавирус

Во општина Дебар каде што подог период немаше позитивни на ковод 19, очигледно е дека вируст се врака бидејки истиот и бил присутен .По цели  48 дена , во општина Дебар повторно има пациент позитивен на вирутот Ковид 19. Информацијата ја повтврди и градоначалникот на Дебар Хекуран Дука кој соопшти дека станува збор за жена од селото Долно Косоврасти, која пред три дена била примена во општата болница во Дебар  со висока температура  а потоа препратена хитно во Клиничкиот центар во Скопје,каде што потврдена е дека болна од Коронавирус . Станува збор за жена на средни години   која била оперирана предходно имала операција и проблеми со високиот притисок  .

Градоначалникот Дука кој се повика на анкетите напшравени од страна на епидемиологот соопшти дека пациентката има контакти со членови на семејството  како и со неколку здраствени лица во општата болница во Дебар .

Кризниот штаб во Дебар , во договор на и надежните институции информираше преку градоначалникот Дука дека полицијата има поставено пункт за контрола на селата Долно и Горно Косоврасти и го контролира влезот и излезот на селото . Во текот на денешниот ден ке се изврши целосна дезинфекција на џамиите , училиштата и другите јавни објекти во двете села  се со цел да се оневозможи ширењето на дезинфекцијата .  Епидемилошката служба во Дебар беше во селото Долно Косоврасти и притоа ги има пфевземено сите потребни активности .

Дука исто така нагласи дека покрај овој случај кој ја вознемири јавноста во Дебар, информираше и за големиот број на лица пристугнати во општина Дебар од други градови каде има 8о часовен полициски час во повеке села во општината ,каде што имаат вили и куќи,Тој затоа побара максимално почитување на мерките на владата за заштита на населението .

Во градот Дебар денеска ресторанбите и кафулињата се проеполни, а поголемиот број од населението на улица нема маски.

Кена Мимидиновски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ