
Денеска рекорден број на регистрирани со Ковид-19 – неофицијално, бројката е околу 170
Рекордни околу 170 случи на Ковид-19 денеска се регистрирани во последното деноноќие во земјава. Здравствените власти се уште ги обработуваат податоците и оставаат простор бројката да биде и повисока, но она што неофицијало го дознава Телма е дека досега се регистрираби околу 170 нови случи. Повеќе од 100 од нив се од скопските општини, што е речиси двојно повеќе од вчера регистрирани 66 случи на Ковид-19 во Скопје.