
Бислимоски не очекува проблеми во енергетскиот сектор при нов бран на епидемијата од Ковид- 19
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски во вторник ќе претседава со Состанокот на бордот регулатори на Енергетската заедница, во чиј фокус ќе биде начинот на кој регулаторните тела во земјите членки на ЕЗ се справиле со кризата предизвикана од коронавирусот, како и продлабочувањето на соработката помеѓу регулаторните тела во регионот и начинот на формирање на заеднички пазари на електрична енергија и на природен гас. Бисломоски не очекува проблеми во енегретскиот сектор при евентуален втор бран од епидемијата со Ковид- 19, изјави тој за МИА.