Танги: Македонија ќе ги почне преговорите со ЕУ ако продолжат реформите

Франција одблиску го следи сето она што се случува во Македонија и ја охрабруваме да продолжи со спроведување на реформите, но и да го подобри функционирањето на Собранието.
Ова е ставот на официјален Париз кој го пренесе првата француска пратеничка со македонско потекло Лилијана Танги.

Таа порача дека по доаѓањето на новата Влада е забележан напредок во реформите.

Танги е оптимист дека Македонија ќе може да ги почне преговорите за членство во ЕУ бидејќи е постигнат напредок во преговорите со Грција. Француската пратеничка смета дека двете страни ќе најдат заедничко прифатливо решение.

 

Сања Јовановиќ Дамјановска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ