Во изминатото деноноќие околу 600 прекршоци за неносоње маски, 7 лица не почитувале изолација, а 48 ја прекршиле забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие,  на територијата на Република Северна Македонија на 166 лице им се издадени решенија за изолација, а 197 лица потпишале изјави за самоизолација, соопштуваат од МВР. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и евидентирани се седум лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 591 прекршоци. Исто така, по однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 48 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 38 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, се вели во соопштението од МВР

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ