
Штипските текстилни и кожарски фабрики нема да работат за викенд карантинот
Машините во сите штипски текстилни и кожарски фабрики ќе стивнат за време на продолежениот викенд карантин. Забраната за производство во погоните во овие индустрии, со посебна Владина уредба донесена денеска доаѓаа по силните реакции од граѓаните, невладината Гласен Текстилец и на штипскиот градоначалник. Утре и задутре ќе се тестираат над 450 работници во неколку конфекции, а работодавците не смеат да ги вклучат машините и да ги натерат работниците да работат додека ги чекаат епидемиолозите од Центарот за јавно здарвје, какошто имавме случаи на конфекции кои имаа производство додека се тестираа работниците.
Денешните позитивни случаи на коронавирус не се од нови конфекции, туку станува збор за од оние кои веќе се затворени. Заразени се и членови на нивните семејства, кои се вработени во неколку државни институции во Штип.
Во изолација во Штип се ставени 343 граѓани, затворени се седум конфекции каде што се откриени позитивни случаи на коронавирусот. Втора недела низ штипските конфекции се шири заразата, а епидемиолозите од понеделникот до денеска имаат земено над 1.000 брисеви од работниците и нивните контакти. Штип од вечерва е во карантни, а од невладината Гласен Текстилец најавија дека и тие ќе бидат на терен за да видат дали се почитува забраната и новата уредба донесена од Владата за штипските тестилни и кожарски фабрики.
Викторија Јованова