Антикорупциска бара одземање на ингеренциите на Охрид и Струга, Владата да почне со уривање на дивоградбите

Параптечињата, терасите и бетноските ѕидови покрај брегот на Охридското езеро стигнаа и до Антикорупциската комисија која  побара од Владата да се одземат надлежностите на Охрид и Струга и таа да го превземе решавањето на проблемот со дивоградбите и нивното рушење. Ова официјално барање на Комисијата завчера е доставено до Владата отатко со месеци не е срушен ниту еден бесправно изграден објект на охридско – струшкото крајбрежје туку напротив, никнаа нови дивоградби.

„Комисијата упатува барање до Владата да ги превземе сите активности за одземање на надлежности за уривање на бесправно изградените објекти на сите општини во регионот кој е под заштита на УНЕСКО“

Антикорупционерите потенцираат дека Владата е извршна власт и дека процесот на превземање на надлежности треба да се спроведе преку министерството за траснпорт и врски.

Антикорупциската комисија, минатата година на своја иницијатива оформи предмети за концесиите на плажите и за склучените договори со фирми кои треба да го изведат рушењето на двоградбите.

„ Констатирано е дека Општината не била во можност да постапува по однос на дивоградбите и да руши бидејќи немало доволно средства за тоа иако неколкупати била побарана помош од централната власт. Сумата која Општина Охрид ја има планиарно за уривање на дивоградбите укажува на тоа дека имала селективен пристап“

Само за потсетување, општината одвои 20 илјади евра за уривање на дивоградбите и почна со уривњеа на една дивоградба во Влашка маала, далеку од заштитената зона и крајбрежниот појас а потоа багерите ги изгаснаа моторите.

Одземање на ингеренциите на локалната власт побараа и од невладината „Охрид СОС“ но и да се провери зошто надлежнното министерствот за животна средина досега нема поднесено ниту една кривична пријава иако целата јавност е сведок за беззаконието во Охрид и Струга.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски изјави дека се плаши да руши бидејќи може да го ликвидираат, додека неговиот струшки колега Рамиз Мерко дрско и упорно тврди дека во Струга нема ниту една дивоградба.
Според официјалните документи со кои располага Телма во Охрид има 409 дивоградби регистрирани во заштитениот крајбрежен појас. Градоначалникот Георгиевски почна со рушење на една, во Влашка маала, далеку од езерото. Градоначалникот Мерко пак сеуште одбива да состави листа на дивоградби.

Она што е јасно е дека годинава нема да има промена на статусот нса Охрид и нема да биде ставен во категоријата на светско наследство во опасност бидејќи конференцијата на која требаше да се дискутира ова прашање требаше да се одржи идниот месец во Кина и поради панденмијата на коронавирусот е одложена.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ