
Пауновски: Инспектор од Куманово позитивен на КОВИД 19, се затвора целото одделение
28 кривични, 38 прекшочи пријави и затекнати 47 нерегистрирни угостителски објекти. Ова е епилогот од над 11.500 контроли кои пазарните инспектори ги извршиле во последната недела. За дел се преземени мерки, а за дел ќе се преземат- вели директорот на пазарна Пауновски. Констатирале дека некои угостители и трговци не ги почитуваат мерките и најавуваат зачестени контроли од сите инспекторати за претстојниот 80 часовен карантин. Најмногу кривични пријави пак за непочитување на мерките има во скопски Чаир.
- Најповеќе кривични пријави имаме токму каде што Комисијата за зарзни болести прогласи цел викенд да имаме полициски час. Во тие Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар. Струга. За жал не ги водиме општините, најповеќе кривични пријави имаме во општина Чаир, меѓутоа има и во Центар има и во Аеродром, меѓутоа најповеќе има во Чаир.- изјави Пауновски.
Пауновски тврди дека не постапуваат селективно. Но прашан пак зошто за време на претходните карантини камерите регистрира дека во некои делови на Скопје и низ други градови во земјава работат угостителски објекти и маркети и наголемо се прекршуваат мерките тој со одговор:
- Она што одговорно го тврдам дека селективност не постои. Меѓутоа 120 инспектори дали можат секаде да поминат и секаде да бидат на лице место, размислете и сами дали можеме сето тоа да го одговориме.- одговори Пауновски.
Но веќе се помалку, без Кумановските инспектори. Се затвора целото одделение бидејќи еден инспектор е позитивен на Ковид 19, со што и неговите колеги завршуваат во самоизолација.
Александра Филиповска