
Бухова: Дел од граѓаните даваат погрешни податоци во епидемиолошките анкети
ДСЗИ има одредени проблеми на терен во доставувањето на решенијата за самоизолација, рече директорката на ДСЗИ Ирина Бухова во вечерашното гостување на Топ Тема.
Во одредени случаи се случува граѓаните да даваат лажни податоци за престој, односно адреса каде што ја издржува самоизолациајта, дава погрешен телефонски број и инспекторите од ДСЗИ имаат проблеми во доставување на веќе изготвените решенија. Меѓутоа нашит еконтакти со мвр се интензивираа и таму каде што имаме проблем со нивна асистенција ги пронаоѓаме посоченит еграѓани и решенијата им се издаваат, изјави Бухова во Топ Тема.
Таа соопшти дека на територијата на целата држава имаме околу 20 до 25 калстери, односно фамилии кои се поврзуваат со епидемиолошка анкета меѓу себе. Бројката на позитивни лица во овие кластери се движи од двајца до девет. Но напоменува дека ова е жива материја која со секој нова додадена епидемиолошка анкета, податоците се менуваат.
Во последните две недели имаме издадено 503 за позитивни во домашна самоизолација и домашно лекување и 1882 по основ на контакти. За вкупшниот број на издадени решенија бројот е околу 9.000 од 16.03 до денеска.