Нов пик на корона вирусот – за 24 часа дијагностицирани се 101 позитивен

Расте бројот на нозоваразени од Ковид 19. За 24 часа дијагностицирани се 101 позитивен на корона вирусот. Ова е втор пик од над 100 новодијагностицирани во земјава од почетокот на пандемијата. Првиот пат беше на 16 април кога имаше за еден ден 107 позитивни на Ковид 19. Тоагш најголмногу заболени имаше во Куманово. Денеска во Скопје 59. Последново деноноќие починале 4 ца пациенти ходиштализирани во 8 ми септември и нфективна а 10 се оздравени. Скринигот во градинките откри двајца позтивни во пробиштипсјките градинки. Вкупната брјка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата достигна 2492 .

Повеќе од пола од ново заразените се од Скопје 59. Во Куманово има 12 новодијагностицирани на Ковид 19, Штип 7, Струга 6, Тетово 5, Гостивар и Кочани по 3, Пробиштип 2, Велес Охрид и Кавадарц по 1.

Бројките на ново заразени деновиве се аларм за нови мерки. Комсијта за заразни болести одржува состанокот, по што  ќе предложа до владата мерки за општините кои се детектирани како жаришта на коронавирусот. Полициски час карантин или други рестриктивни мерки се во игра   особено што претстои продолжен викенд и верски празник.

4 ца пацинети починале 84 годишен прилепчанец, хоспирлаизиран на инфективна од 17 мај,  и торјца од болницата 8 септември, 75 годишен тетовец примен на 24ти мај, 71 годишан кумановец хоспитализиран на 26 мај и 58 годишен скопјанец кој бил примен пред само два дена.

Вкупната бројка на починати досега е 145, на оздравени 1605  активни случаи има 742.

Вакава иста бројка на активни случаи имаше и на 29 април период во кој почна полголем голем број пациенти да оздравуваат а помалку да се разболуваат. Откако короната доби нов залет во месец мај со олабавувањата и непочитувањата на мерките денеска пвоторно има иста борјка на активни слуаи. Денеска најмногу има скопје 396. Следно е Тетово со 82 Штип со 76, Куманово 66, Прилеп 30, Велес 28.

Последното денонокие биле направени 974 теста од кои 132 се искористени за скринингот во градники. Двајца вработени во градинки во Пробиштип биле позитивни на ковид 19, потврди штипскиот градоначалник .

Според објавените податоци од регионот  Бугарија има 22 нови случаи, Албанија 20, Босна и Херцеговина 16 Словенија 2

Деновиве дијагностицран е прв случај на ковид 19 во скопскиот граѓански суд . Станува збор за авработен во администрацијата кој немал контакт со странки ниту со судиите потврдуваат за Телма официјално и од скопскиот граѓански суд и од центарот за јавно здравје. Според информациит од таму  тој бил во канцеларија бил со колешка и носеле маска. Сепак колешката останала дома до тестирање, објаснуваат надлежните. Од кривичниот суд пак каде се одвиваат најголемите судења велат дека до сега ниту еден вработен не пријавил дека имал котакт со заболен или  дека му е дадена препорака за самоизолација. Вработен во судската писара се тестирал но резултаот биле негативен.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ