Власта не се откажува од избори, ВМРО-ДПМНЕ одбиваат разговор на таа тема

Владејачките партии не се откажуваат од избори следниот месец. Вицепремерот Бујар Османи денеска повтори дека, овие две недели треба да се искористат за максимален фокус на здравственото прашање, но и за комуникација меѓу политичките партии, за да се постигне консензус за датумот на изборите.

Во врска со заштитните мерки на денот на изборите,  Османи вели дека Комисијата за заразни болести, на барање на претседателот на државата, веќе имаат подготвено документ. Но, тој ќе се менува по потреба и зависно од здравствената ситуација.

За ВМРО-ДПМНЕ изборите сега не се тема за разговор.

Од партијата бараат, наместо за избори, целиот потенцијал да се стави во интерес на надминување на пандемијата и ставање под контрола на бројот на заболени и починати. Во контекст на ова, бараат и доктор Жарко Караџовски да биде сменет од позицијата претседател на телото за координација на борба против пандемијата и на негово место  да биде ставен стручен лекар.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ