
76 заразени со корона вирусот , 52 се од Скопје
76 новозаразени и еден починат од КОВИД 19 денеска – вакви се бројките откако стигнаа и резултатите кои се чекаа да стигнат од приватна лабараторија.
Се чини како епидемиолошката крива никако да почне да се движи во надолна линија, се исправува ама вертикално , само во Скопје 52 нови случаи.
Ама ситуацијата е под контрола повтори денеска Венко Филипче.
Уште ќе се анализираат критичните општини пред да падне одлука дали ќе има полициски час или карантин како оној во Дебар и Центар Жупа.
И додека властитете смируваат дека ситуацијата е под контрола – жариштата не стивнуваат. Чаир со денови брои голем број на новозаразени.
Меѓу нив и првиот човек на општината Висар Ганиу – кој дека е болен од корона вирусот ја извести јавноста на својот Фејсбук профил.
Короната влезе и во приватен дом за стари лица кој што има објекти во Ченто и Кадино има петмина заболени.
Во едниот објект позитивни се две стари лица, а во другиот тројца вработени. Од домот „Руски“ информираа дека сите се во добра здравствена сосотојба и дека ниту една од трите позитивни вработени немала никаков контакт со штитениците во домот
На второ место , Тетово со регистрирани 14 случаи. Таму има и нов кластер во приватна фирма.
40 лица се во изолација , а треба да се направат вкупно 150 тесирање.
Екипи на Центарот за јавно здравје во Куманово, денеска интензивно работи на терен во Липково откако вчера беа регистрирани 11 нови случаи за кои здравствените власти објаснија дека се поврзани со веќе познати кластери.
Во Велес и Кочани има по 2ца, Кочани, Пробиштип и Кратово се најдоа на мапата со по еден случај на заразен со КОВИД 19.
Инаку во изминатото деноноќие се направени 885 теста. Во нив спаѓаат и бројката од 127 направени тестови со скринингот во градинките.
Пред само една недела во Македонија дневниот пресек на болни од корона беше 16 – денешната цифра е за четири пати поголема.
Теодора Цветковска