Граѓаните поделени во мислењето дали да се почитуваат мерките за заштита од КОВИД 19

И покрај препораките и последните загрижувачи бројки на новозаразени со Ковид 19 во одредени општине сликата која ја регистрираше камерата на Телма  говори дека малкумина се свесни за последиците доколку не ги почитуваат мерките.  Граѓаните со поделени мислења дали се почитувааат мерките и дали токму тие општини треба да се стават во карантин. Дел сметаат дека полициските контроли би требало да бидат засилени.

За некои граѓани иако ги почитувале мерките Ковид 19 воопшто и не постоел.

Министерството за внатрешни работи во соработка со Државниот пазарен инспекторат досега извршиле контроли на вкупно 2.184 угостителски објекти, при што е констатирано дека 24 не ги спроведуваат мерките на Владата. Голем број граѓани реагираат на протоколите според кои на една маса е дозволено да седнат четири лица доколку се семејство, што со оние кои живеат заедно но не се во граѓански брак.

Во најголем дел прекршувањета кои ги востановило Министерството за внатрешни се однесуваат на непочитување на социјалната дистанца и групирањата на поголем број граѓани во парковите и на Водно.  Министерството за внатрешни работи распореди 26 тимови на единцата за брза интервенција. За време на претстојниот продолжен викенд полицијата ќе врши засилени контроли на Излетничките места, на Водно и на градските гробишта Бутел.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ