Османи: Денеска бројката е уште повознемирувачка

„Денеска бројката е уште повознемирувачка“, напиша утрово на својот фејсбук профил виецпремиерот Бујар Османи откако вчера во земјава беа регистрирани 62 позитивни на Ковид-19.

Османи притоа напиша дека можноста да се бид епозитивен на вирусот и да се дојде во допир со некој кој е позитивен во последните неколку дена е многу голем.

„Поради тоа апелирам до вас да се однесувате како да сте пизитивни и како сите ваши контакти да се позитивни. Не треба многу з азаштита. Не верувајте во теориите на заговор, маските редуцираат 79% од трансмисијата. Не ја предизвикувајте смртта на своите роднини“, напиша Османи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ