И Манчевски и Забрчанец во изолација по средбата со Зекири

Поради средба со Мухамед Зекири, во самоизолација оди и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

„На средбата беа применувани здравствените протоколи, но сепак препораките на здравствените експерти се најважни и мора да ги почитуваме“, објави Манчевски на фејсбук.

По препорака од епидемиолозите, во домашна самоизолација е и советникот на премиерот, Марјан Забрчанец, откако во четвртокот се сретнал со Зекири. И тој на ФБ напиша дека средбата била со сите протоколи односно со почитување на мерките, на растојание од 1,5 метри и заштини маски. Забрчанец засега нема никакви симптоми, а напиша дека ќе се тестира во текот на неделата.

Во изолација е и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој ја извести јавноста дека имал средба со лице кое е позитивно на ковид 19, и поради тоа ќе биде во самоизолација. Ганиу додава дека е загрижен за ситуацијата, која „не изгледа добро и може да ескалира на полошо“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ