
Конечно тестирани 14 лица од семејството на починатиот од Чаир
Центарот за јавно здравје денеска конечно го тестирал семејството на починатиот од Чаир, кому посмртно му беше потврден Ковид-19. Брисеви се земени од 14 луѓе, но без полициска асистенција, бидејќи прифатиле да соработуваат.
Во меѓувреме, во центарот сами се пријавиле уште неколку семејства кои биле на погребот.