Реџепи: За мојата работа одговарам пред Бога

По поснесената оставка се огласи поранешниот прв човек на ИВЗ, Сулејман Реџепи.

За мојата работа одговарам пред Бога, спремен сум да одговарам и пред Законот, напиша во обраќањето разрешениот поглавар на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи, иако минатата недела беше разрешен од функцијата. Сега тој вели дека дава неотповиклива оставка.

Реџепи беше сменет но никој точно не ги кажа причините за неговото разрешување.

„Едногласно донесовме одлука за разрешување на господин Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата Рејс Ул Улема претседател на Исламска верска заедница“, изјави Ефенди Шаќир Фетаху, во средата.

До подготвување на нови избори, вршител на должноста ќе биде гостиварскиот муфтија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ