Основното се жали – вишото обвинителство се согласува дека ослободениот Игор Дурловски не сторил кривично дело

Контроверзни се ставовите на основното и вишто обвинителство дали пресудата  на кривичниот суд да го ослободи еден од водачите на протестите „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски е исправна или не.

На јавната расправа, што трет ден се одржува во Апелацискиот суд за жалбите по пресудата за случајот „27 април”, Вишото јавно обвинителство со повеќе образложенија ги оцени жалбите на одбраната на обвинетите како неосновани, а за Игор Дурловски застана на ставот дека немало докази за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Во жалбата за Јане Ченто, адвокатот Дончо Наков рече дека пресудата на 1056 страни е декор, бидејќи најголемиот дел се однесува на амнестираните, а не оние 16-тмина кои добија дологогодишни затвроски казни.

По, адвокатите и вишото обвинителство збор добија и обвинетите, а екс началниците од МВР, Митко Пешов и Душко Лазаров побараа од вторстепениот суд да ги погледне доказите за нив и да има предвид дека сведоците давале пристрасни изјави, а нив обвинителството им препишало надлежности кои не им припаѓаат.

И Александар Василевски Нинџа поднел жалба да се отфрли пресудата иако доби најниска затворска казна, а вишото обвинителство пред  апелационите судиии уште еднаш поосочи дека се јасни доказите против Нинџа од организацијата па до упадот во собранието.

Иако требаше прв, Митко Чавков побара последен да ја образложи жалбата, за да може одново да ја напише откако го обвини судот дека му ја загубило иако била напишана на 60 страници. Жалбите пред апелација доааѓаат по една година и три месеци откако кривичниот на 15 лица им пресуди 211 години затворски казни, го ослободи Игор Дурловски, а на 16 други претходно престана да им се суди со законот за амнестија.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ