
Можна ли е онлајн настава кога едно од 10 деца нема компјутер?
Родителите и во улога на наставници сега кога училиштата се затворени, а нивните деца учат преку онлајн алатки.
Сепак, само 32 проценти од нив знаат како да се вклучат на Зум на Мајкрософ Тимс, да пратат мејл.
Податоците од дополнителниот извештај на Светска банка за Западен балкан , велат и дека во Македонија и соседните земји едно од десет деца нема компјутер.
Уште еден проблем на учениците во време на пандемијата на корона е тоа што немаат брз интернет во своите домови, па имаат потешкотии да ги сработат домашните и да ги следат предавањата на наставниците.
А дури 22 проценти од нив немат интернет. Училиштата и факултетите во Македонија, Босна и Херцеговинаа, Србија и Албанија беа ставени под клуч на почетокот на март.
Од тогаш наставата од училниците се пресели – онлајн. Затворањето на училиштата се очекува да резултира со значителна загуба на наученото.
Под претпоставка дека во една учебна година ученикот добива во просек 40 ПИСА поени на знаење училиштата се затвореничетири месеци до јуни и нема учење на далечина, во просек, учењето во Западен Балкан би опаднало за проценети 16 ПИСА поени. Многу ученици може да назадуваат во функционална писменост, а се потенцира дека дури половина од 15 годишните деца се функционално неписмени, посочува Светската Банка.
Во Македонија покрај тоа што на учениците им се предава онлајн , се испрашуваат и оценуваат на овој начин, на МТВ веќе два месеца се емитува ТВ училница за основците.
И на ова поле балканските земји , меѓу кои и ние добија забележешки за квалитетот на емисиите.
По својот дизајн, предавањата преку ТВ и претходно снимените телевизиски лекции не се интерактивни и не се прилагодуваат на поединечните потреби на учениците; меѓутоа, телевизијата обезбедува поеднаков пристап до содржината бидејќи е широко достапна низ регионот, посочува Светската Банка.
Школската година во Македонија ќе заврши онлајн, освен за студентите кои ќе одат да даваат испит на факултет.
Министерот за образоваие Адеми во повеќе наврати повтори дека можно е училиштата да не се отворат во септември и наставата да продолжи онлајн.
Теодора Цветковска