
Карантин за општините каде бројката на заболени расте?
52 нови случаи на заболени од коронавирус во едно деноноќие повторно го вклучија алармот кај надлежните.
Половина од новите случаи се од Скопје и тоа од општините каде што се регистрирани голем број на непочитувања на мерките но и кластери.
Станува збор за Гази Баба, Чаир, Аеродром и Сарај.
Загрижувачка е состојбата во Тетово и во Штип каде што вирусот се шири меѓу работниците во текстилната индустрија.
Министерот Венко Филипче не ја исклучи можноста за повторно воведување на локални таргетирани рестриктивни мерки во овие општини вклучувајќи го и карантинот.
Зголемениот број на новозаболени се должи исклучиво на непочитувањето на мерките, односно носење на маски, држење на дистанца и негрупирање а лицата се заразени во периодот кога на сила беа рестриктивните мерки, соопшти министерот Филипче.
Вчера била направена инспекција во Тетово и во Штип каде само во една кофнекција има 17 заболеми и 70 контакти во самоизолација.
Резултатите се поразувачки.
Епидемиолозите се соочуваат со нов проблем, одбивање на соработка и давање на лажни податоци во анкетите, покрај непочитувањето на мерките за самоизолација
Сите мора да бидат вклучени во борбата против епидемијата, надлежните институции, политичките парти и верските заедници.
Лекарите и Комисијата за заразни болести не може сами да го носат теретот и тие не ја кријат разочараноста.
Во моментов во Македонија има 487 акртивни случаи а во последното деноноќие беа регистрирани и четири смртни случаи со што бројката на жртви од коронавирусот во македонија сега изнесува 126 лица.
Огнен Чанчаревиќ