
Масовно тестирање на сите вработени во штипската конфекција
Масовно тестирање на сите варботени во штипската конфекција, каде што деновиве се шири коронавирусот, но и на работничките од другите две конфекции, кои се превезувале во истиот автобус со заразените до своите работни места, ова е една од одлуките кои вчера ја донеле здравствените работници и општинскиот кризен штаб, информираше денеска градоначалникот, Благој Бочварски.
По состанокот со членови на Комсијата за заразни болести, штипскиот Центар за јавно здравје донесе и задолжиние до граѓаните да не се шири коронавирусот.
Се задолжуваат сите граѓани кои се превезувале со автобусите од и до текстилната конфекција во која се детектирани поголем број на случаи на лица заболени од Короновирус (COVID-19), како и граѓаните кои користат ваков тип на превоз, при појава на првите симптоми на болеста (кашлица, главоболка, покачена телесна температура, затнат нос, болка во грлото, треска, губење на чувството за вкус и мирис), задолжително да останат во самоизолација и да се јават на својот матичен лекар. Истите, по извршена епидемиолошка анкета ќе добијат упатства за тоа дали ќе бидат тестирани за COVID-19 и кога, се вели во задолжението на Центарот за јавно здравје-Штип
До денеска во овој кластер се регистрирани вкупно 19 заболени, покрај работници има и членови на нивни семејства. Епидемиолозите до денеска во изолација и самоизолација од овој кластер ставиле 153 работници, но и нивни контакти со членови на семејства, пријатели. Надлежните од Центарот за јавно здарвје сметаат дека со овие мерки се прави да не се шири вирусот и кругот полесно да се затвори. Од вчера активистите на Гласен Текстилец почнаа на терен да ги фотографираат и автобусите во кои се превезуваат работниците. Фотографиите како доказ дека оние компании кои не ги почитуваат мерките се испратени до надлежните институции.
Викторија Јовановa