
На 9 јуни Европската комисија ќе ја објави преговарачката рамка за земјава
На 9 или 10 јуни се очекува Европската комисија да ја објави преговарачкта рамка за земјава, информираше денеска вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи. Тој иако признава дека периодов бил дефокусиран од примарните обврски поради справувањето со кризата предизвикана од ковид-19, вели дека неговиот сектор во Владата си ја врши својата работа во делот на евроинтеграциите и дека се изготвени неколку сценарија околу тоа како би изгледала преговарачката рамка од ЕУ.