Девет нови заболени во Штип

Девет нови заболени во Штип, од кои седум се тестилни работнички во веќе затворената текстилна фабрика. Вкупната бројка на позитивни вработени во оваа конфекција се искачи на 19. 

Двајцата контакти се соема нови, велат штипските здавствени власти. Од денеска таму во изилација над 100 лица, пријатели роднини и други лица кои имале контакти со текстилните работнички, со цел да не се шири вирусот. 

Досегашните анализи покажуваат дека некои од работничките имале контакт со заразени од претходните кластери, па вирусот на тој начин и се ширел низ погонот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ