
„Жаде“ е оригиналното име на случајот познат како Рекет со Боки 13 и Катица Јанева
Кога бил отворен предметот за снимките и пријавата поднесена од Орце Камчев, истрагата била наречена „Жаде“, потврдија за Телма, извори од истрагата која во судкиот процес го донесе преднетот до завршни зборови и пред изрекување на пресуда.
Иако Жаде во истражните активности, случајот сепак во јавноста е познат како Рекет откако упорното медиумско именување на предметот го победи истражното име на операцијата.
Името „Жаде“ е дадено како кодно име кога биле барани да се определат посебни истражни мерки за обвинетите Јовановски-Боки 13-ка, Јанева и Милески.
Жаде беше главен лик во бразилската теленовела Клон, а жад е вид на скапоцени камења. Соговорникот на Телма не прецизираше поради кој лик во аферата Рекет е избрано името Жаде. Случајот го одбележа и милион евра спакуван во скапа чанта Луј Витон.
Во случајот беа обвинети тројца, Бојан Јовановски-Боки 13, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, и Зоран Милески Кичеец кој призна вина, но не се појави како сведок на судењето.
Иако јавноста очекуваше и крупни политички фигури во процесот, тоа не се случи иако во продолжението на аферата во делот за активностите на Меѓународниот сојуз обвинета е се уште актуелна пратеничка и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски.
Случајот Рекет е пред крај, денеска завршни зборови даде обвинителката Вилма Русковска, која покажа и нова снимка од истрагата, поради што реагираше одбраната. За први јуни пак е закажано рочиште за завршните зборови на обвинетите Боки 13-ка и поранешната СЈО Јанева.