Нова снимка на „Рекет“ ги разгоре страстите на завршниот збор

Вилма Русковска за себе вели била голем подржувач на СЈО но се разочарала кога клучниот лик од Чарлиевите ангели преминал на страната на злото поради што и покренала обвивение за кое денеска анализирајки ги доказите рече дека го докажала

Вилма Русковска. ЈО на ОЈО ГОКК: Кога Камчев дојде во обвинителството да пријави и кажа што се случувало, мислев дека се наоѓам во лош сон. Износите на пари што се барани, повеќето од нас не можеме да ги замислиме ни на сон, а не на јаве.

Торбата Луј Витон со парите завршиле во домот на родители на Боки 13 а тоа го потврдува локацијата од направена слика што  рече Русковска. Иако во најголем дел од нејзиното  излагањето, Јовановски беше насмеан, атмосферата се нелектризира откако обвинителката презентираше видео со цел да го демантира Боки 13 дека Милевски ја вратил торбата во домот на Камчев после неклкуу дена. Овој доказ не бил до сега изведен  на судењето, поради што не смее ниту сега во завршен збор, гласно рече Јовановски

-Ако јавниот обвинител сметал дека тој доказ не му е релевантен сега на мала врата да му се доставува тој доказ чисто јавноста да види што е вратено како ев ратено а притоа да се вадат само извадоци од 21.02 а не 22.2 кога Јовановски тврди дека е вратена сметам деак е незаконски, реле адвокатот на Јовановски, рече адвокатот Сашо Дуковски

-Ова го прикажавме со цел да и докажеме на јавноста дека не е точно, они заедно доаѓаат во куќата на Јордан Камчев, и сега осудениот Милевски носи ташна но црна со големи рачки кои и по изглед и по големина се разликува и по тон и по боја. По прегелдувањето  повторно на сите снимки на 22 и 23 февруари ниту Зоран Милевски ниту Бојан Јовановски одат во домот на Јордан Камчев , рече Русковска

Цитирајки сведоци, разговорите објавени во весникот Ла Верита, снимки, фотографии , Русковска реплицираше и на дел од тезите на обвинетите.  Така за Јанева рече дека не е точно дека одговара поради дадено мислење  за укинување притвор, туку поради причините кои лежат позади тоа мислење спротивно на мислењет на обивнитлеката Лиле Стефанова што ја води истрагата Империја.  Спред Русковска екс специјалната земала пари како додаток за чување тајни а сепак Боки 13 го знаел предметот „Империја“ повеке од обвинителката Стефанова.

За тврдењето на Јовановски дека е политички затвореник обвнителката му одговори дека никогаш не се занимавал со политика а за тоа дека ќе биде идниот лидер искоментира секој има право да сонува. За сведочењата според кои скапата гардероба Јовановски му била поклон од светски познатите брендови за да ги рекламира, Русковска рече  дека познатите креатори подаруваат модни парчиња ѕвезси А класа, а не на ѕвездички од Балканот кои имаат само 35 илјади следачи на социјалните мрежи.

Завршниот збор одбраната ќе го каже на 1 јуни.

Елена Ивановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ