Две работнички од иста текстилна компанија се меѓу новозаразените во Штип

Две текстилни работнички од иста конфекција и еден лекар од приватна здравствена ординација се новите случаи на заразени со коронавирус во Штип. Епидемиолозите денеска првата поширока анкета на контактите и утврдуваат дали овие слуачи се поврзани или станува збор за два кластери. Двете работнички работат во конфекција од околу сто вработени, а до своите работни места користат и ист автобус со работнички од други две конфекции. Сите овие информации кои се пристигнати до здружението „Гласен Текстилец“ денеска се презентирани и на првиот човек на кризниот штаб, со цел да се преземат и мерки на терен.

Штип е град во кој има над 70 текстилни конфекции, но во нив работат и работници од другите соседни градови. Штипскиот градоначалник вели дека откако ќе завршат анкетите на епидемиолозите ќе се состане и кризниот штаб, за да се донесат дополнителни мерки.

Епидемиолозите земале 11 брисеви од кои седум се поврзани со текстилните работнички. Ирина Бухова директор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат за Телма вели дека денеска се прават широки епидемиолошки анкети, за да се утврди со колку лица имале контакт работнички во автобусот и на работното место. Откако ќе завршат деталните анализи ќе знаат и колку лица од висок и среден ризик ќе одат директно во домашна изолација, но и кои се други мерки ќе сер преземат за овој случај.

Во источниот регион седум лица се активни случаи, од кои шестмина во Штип и еден во Виница.

 

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ