Јовески: По завршување на пандемијата ќе проработат истражните центри

Државниот обвинител Љубомир Јовески за Телма потврди дека по завршување на укинувањето на вонредната состојба и ќе почнат со ефективна работа,  четирите истражни центри во Скопје (во основно обвинителство и обвинителството за организиран криминал ) Куманово и Тетово. Дел од истражитeлите се веќе преземни од МВР и финанска полиција а останатиот дел најверојатно ќе се пополни со дел од истражителите од СЈО кои веќе имаат искуство.

Јовески контра екс специјалната обвинителка Јанева, вели работиме на истрагите преземни од СЈО но  дека поради пандемијата може да има стагнација во одредени истражни дејствија.

Обвинителството поднесе стотици платни налози за казнување на сите граѓани кои не ги почитуваа мерките и препораките за борба против Ковид-19 но најголем дел од предметите се уште не се правосилни и поради тоа се уште е рано да се каже колку пари ќе лагнат во буџетот од овие казни вели Јовески.

И по 3 месеци се уште трае истрагата за екс директорката на Кожната клиника а во тек е и предметот за непочитување на мерките за време на литијата во Струга.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ