Повеќе од 3000 граѓани – “духови“ живеат без лична карта во Република Македонија

Добре Спасиќ е роден во Србија, во селото Глогоњ. Потекнува од Старо Нагоричане, Кумановско, а во крајот на неговите родители дошол по распадот на Југословија. Оттогаш не побарал македонско државјанство, а последната важечка лична карта му онаа од Социјалистичка Федеративна Република Македонија. Истекла 1991-првата година, а оттогаш заради лутање од инстутиција по институција не успеал да извади македонска. При секој заврнат снег тој е отсечен во ридското село на Општина Наогоричане.  Тој и уште најмалку 3000 луѓе живеат во Репулбика Македонија и ја делат истатата судбина, на граѓани – “духови“.

До сега невладините органзации за човекови права овој проблем го лоцираа кај деца и бебиња родени на улиците, чиј што родители од негрижа не ги внеле во матичната книга на родени. Постапката да се евидентираат сите граѓани кои недостасуваат во матичната кига на родени ќе ја води директорот, Бујар Дарлишта.

Царовска најави и измени во Законот за вонпарнична постапка, Законот за матична евиденција и Законот за лични карти, живеалиште и престојувалиште.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ