
Пукање во Бутел, нема повредено
Вечерва инцидент во скопски Бутел. Во едно лице било пукано со автоматско оружје од возила во движење.
Од МВР информираат дека лицето кон кое е пукано стоело на паркинг за автомобили на „Христијан Тодоровски Карпош“ ,а кон него пукале неколку лица во два автомобили.
Нема повредени, а лицето кон кое е пукано пријавило дека препознал дел од напаѓачите.
Полицијата се уште врши увид на местото на пукањето, а полицијата најави дека по препознавањето ќе бидат приведени и пукачите, а ќе бидат откриени и мотивите за воорушениот напад.