Снегот ќе ги проретчи кајсиите, бадемите и сливите

Снегот што го зафати поголемиот дел од Македонија ќе го проретчи родот кај овошките а на удар се бадемите, кајсиите, праските и сливите кои се во фаза на полно цветање. Снежната покривка ќе ги заштити есенските посеви во житородните региони, но штетите ќе зависат од времетраењето на минусните температури.

Агрометеоролозите не се загрижени, бидејки цветот на овошките може да издржи и минус два степени.

За да се исклучи кршење на гранките и замрзнување на овошките потребно е превентивно делување пред доцните мразеви и минусните 4 степени што се очекуваат во недела. Агрометеоролозите препорачуваат индивидуалните земјоделци денеска и утре да ги истресат гранките со цвет од снегот а во недела да направат и тн зачадување околу дрвјата за да не ги фати мраз. Снежното време ќе се задржи и утре и во сабота. Од следната недела се очекува топење на снеговите а со тоа и повторно излевање на Вардар и Црна река.

Виолета З. Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ