
СЈО не ја открива содржината на извештајот на ОЛАФ за Актор
Еден месец пред првите возила да остават траги по новиот асфалт на делницата Демир Капија – Смоквица, СЈО ги актуелизираше обивнувањата дека милиони евра се испрале преку Актор и фирми подизведувачи на автопатот. Ниту од скопската подружница на Актор, ниту од централата во Атина, не ја коментираат отворената истрага според која работници дневно ваделе илјадници евра како хонорар од банка во Неготино и ги давале на вработена во Актор. Во досието на СЈО за Актор е и извештајот на Европската канцеларија за борба против измами ОЛАФ, која имаше истрага за овој случај. Обемниот извештај на ОЛАФ распослан на десетици страници го добиле летоска, но содржината не ја откирваат.
„СЈО официјално го има добиено целиот извештај на ОЛАФ и извештајот е на иста линија со нашето сомнение за противправни дејствија“, велат од Специјалното обвинителство.
Летоска и грчкото обвинителство отвори предмет за Актор за парење пари и измама, тешки 50 милиони евра за истиот автопат. Според грчките медиуми обвинението е резултат на добиените докази од истрагата на Европската канцеларија за борба против измами.
На прашањето дали биле разумни и реални надоместоците кои работниците ги подигале од земјава, од Актор летоска за емисијата КОД одговорија:
„Причините за подигање на платите од страна на вработените во готово и нивниот трансфер во Грција во физички облик, се однесува на вработените, на нивните грижи, несигурност, нивната доверба во банкарскиот систем во Грција за да подигнат пари, бидејќи единствените лица кои добиваа надоместоци беа само работниците кои ги имаа сите законски документи и кои работеа редовно и континуирано на објектот. Сите задршки и даноци предвидени во државата се платени.“
Перењето на пари е едниот апсект од истрагата на СЈО, другиот е за начинот на кој што грчката фирма била избрана да го гради автопатотот долг 28 кимоетри, проект кој тежи 270 милиони евра. Како што објави вчера Фетаи, Актор бил фаворизиран да го добие тендерот само затоа што претставникот на италијнската компанија која понудила поефитна понуда, тогашниот премер Груевски оценил дека е близок до опозицијата. Груевски вчера обивнувањата ги нарече апсурдни и рече дека постапка за избор на најдобар понудувач ја следеле набудувачи од Европската унија која го одобрила тендерот.
Елена Ивановска Мукоска