
14 припадници на МВР се позитивни на Ковид-19 – во самоизолација се 103
103 вработени во МВР се во самоизолација, а четиринаесетмина се позитивни на Ковид-19 потврдуваат од МВР за Телма.
Најголемиот дел од оние во самоизолација се припадници на МВР коишто од 8 до 14 мај престојувале во одморалиштето на МВР во Охрид, како и персоналот вработен во одморалиштето и други лица.
Од четиринаесетте позитивни на Ковид-19, 7 се од единицата ЕБР, 1 од единица ЕСЗ, 1 од ОЗОЛО, 3 од СВР Скопје и 2 од СВР Тетово.